Кејн прави англиска оаза во Минхен: Баварците тргнуваат по уште еден играч од Англија

Oткако Хари Кејн се пресели во Баерн Минхен, челниците на клубот прават се што е во нивна моќ за тој да се чувствува како дома.

Многумина беа изненадени околу трансферот на Ерик Даер во Баерн, но сега се шпекулира дека Кејн притиска за уште еден играч од Англија да пристигне во Минхен.

Станува збор за Киеран Трипие, актуелниот играч на Њукасл, кој е добар пријател со Хари Кејн и постои реална опција тој на лето да стане играч на Баерн Минхен.

Баерн Минхен веќе извесен период веќе бара десен бек, прв избор им е Норди Мукиеле од ПСЖ, но францускиот клуб не сака да го продаде за џабе и под секаков услов.

Но токму затоа, ако не го обезбедат потписот на овој играч, Баерн Минхен сигурно ќе тргне да го лови Киеран Трипие, а Кејн може да биде клучен во тоа убедување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО