Кејлор Навас најави дека заминува од ПСЖ

Искусниот голман Кејлор Навас кому му истекува договорот со ПСЖ најави дека си заминува од Париз. Искусниот голман од Костарика досега за ПСЖ запиша 113 натпревари.

„Благодарен сум за сите овие години во клубот “, изјави Кејлор Навас.

Навас беше втор голман на ПСЖ оваа сезона, зад Донарума, па 37-годишниот логично заклучи дека најдобро за неговата кариера е да го напушти клубот.

Тој е слободен да избере нов клуб, но се уште нема официјални понуди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО