Ќе ја искинеше мрежата на Арсенал: Кимих постигна гол, Алијанц се тресеше

По 64. минути, Баерн Минхен успеа некако да го скрши отпорот на Арсенал и да поведе вечерва на „Алијанц арена“.

При едно нафрлање од левата страна, топката што ја уфрли во просторот на Арсенал беше Гереро, умешно и максимално прецизно го искористи Џошуа Кимих.

Тој со фантастична ориентација во простор, ја заби топката во мрежата на гостите за водство и предност во реваншот. Сега на потег е Арсенал до крајот на средбата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО