Германија ќе слави: По Дортмунд, во полуфинале и Баерн, продолженија во Манчестер

Баерн Минхен вечерва на домашен терен, со минимална победа остварена против Арсенал во реванш пресметката од четвртфиналето, се пласираа во полуфиналето од ЛШ.

Откако во првиот натпревар немаше победник (2:2), одлуката за полуфиналистот падна вечерва во Минхен, па по еден доста тврд натпревар, Баерн со голот на Џошуа Кимих во 64. минута, дојде до злато вредна победа.

Арсенал се обидуваше нешто во финишот, да дојде барем до егал и да се играат продолженија, но тој план не им успеа, така да Германија ќе биде земја со два претставника во полуфиналето.

Од друга страна, во Манчестер резултатот по 90 минути е нерешен (1:1), па таму ќе се играат продолженија за да го добиеме и четвртиот полуфиналист.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО