Касемиро одби да биде како Роналдо

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Касемиро ги демантираше пишувањата на медиумите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ и ќе се приклучи на Саудиска Ал Наср, за која настапува Кристијано Роналдо.

Искусниот Бразилец (31) пристигна во Јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид, каде со години играше заедно со Роналдо и освои се што треба да се освои.

-Среќен сум во Манчестер. Сè овде е неверојатно. Од првиот ден имав топло добредојде од клубот, играчите и навивачите. Среќен сум од она што градот и клубот ми го нудат. Среќен сум да му помогнам на клубот да се врати на патот на успехот. Овде сум среќен, изјави Касемиро за британските медиуми.

Тој оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна четири гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО