Карвахал: Натпреварот Виљареал – Барселона ги крши правилата на Ла Лига

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, остро реагираше на одлуката натпреварот меѓу Виљареал и Барселона да се одигра во Мајами, САД, наместо во Шпанија.

– Овој потег целосно ги нарушува правилата на Ла Лига и принципот на фер-плеј. Не е нормално некои тимови да играат натпревар на неутрален терен илјада километри од дома, а другите да имаат предност на свој терен, изјави Карвахал за шпанските медиуми.

Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига ја одобрија идејата како „историски чекор“ за промоција на шпанскиот фудбал на глобално ниво. Сепак, Карвахал и дел од другите клубови сметаат дека ваквите потези го нарушуваат интегритетот на шампионатот.

– Разбирам дека сакаат да ја промовираат лигата, но мора да се почитуваат правилата. Ако овој меч се игра во Америка, што спречува утре Реал – Атлетико да се игра во Кина?, додаде дефанзивецот на „кралскиот клуб“.

Натпреварот Виљареал – Барселона е закажан за 17. коло од сезоната 2025/26, а според плановите, ќе се одигра во Hard Rock Stadium во Мајами, кој собира повеќе од 60.000 гледачи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО