180 навивачи на Наполи уапсени во Холандија

Холандската полиција уапси 180 навивачи на италијанскиот клуб Наполи пред натпреварот од Лигата на шампионите против ПСВ Ајндховен.

Според информациите од холандските медиуми, апсењата биле извршени поради страв од можни немири и нарушување на јавниот ред и мир. Навивачите биле приведени во близина на стадионот „Филипс“, каде што требаше да се одигра натпреварот, а потоа биле префрлени со автобуси во полициска станица за испрашување.

Освен навивачите на Наполи, приведени се и четворица фанови на ПСВ, кои биле вмешани во помали инциденти на друга локација во градот.

Градските власти во Ајндховен претходно го прогласија натпреварот за настан со висок ризик, поради што во околината на стадионот беше воведена безбедносна зона, каде што полицијата имаше право да врши контроли и претреси за оружје и пиротехника.

Инцидентите доаѓаат само неколку недели по слични немири на натпревари од европските купови, поради што УЕФА најави дека ќе разгледа дополнителни мерки за контрола на навивачите на ризичните мечеви.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО