Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, дошол на луда идеја, да го ангажира Новак Ѓоковиќ како дел од стручниот штаб.
Како што пишува „LA REPUBLICA“, пред три месеци сопственикот на Милан размислувал да му понуди на Новак Ѓоковиќ да биде дел од тренерскиот тим во делот на менталната подготовка пред натпреварите.
Кардинале сметал дека она што го има Ѓоковиќ, тој посакува да го има и соблекувалната на Милан, да се размислува на високо ниво и да нема негативни ситуации или моменти во кои играчите не би верувале во победа против некоја друга екипа.
Споменатиот медиум цитира неоткриен извор од клубот, а Новак како задача би имал да им оддржува мотивациски говори пред почетокот на секој натпревар.
Воопшто не дошле до средба на која евентуално би разговарале за идејата на Кардинале, но познато е дека Ѓоковиќ е голем фан на „росонерите“.
According to La Repubblica newspaper, Milan owner Gerry Cardinale considered hiring tennis star Novak Djokovic as the Rossoneri’s mental coach three months ago. https://t.co/0vfGGSQVju #Cardinale #Djokovic #ACMilan #Milan #SerieA
— Football Italia (@footballitalia) February 4, 2024