Карате: Витомир Трајковски од Макпетрол освои сребро на ЕП

Македонскиот каратист, член на КК Макпетрол, Витомир Трајковски освои сребрен медал на Европското првенство (ЕП) што се одржа во Тбилиси, Грузија.

Трајковски се натпреваруваше во возрасната категорија до 21 година и во категоријата до 84 килограми Тој го освои сребрениот медал по нерешениот резултат, 3:3 во финалната борба против Ерменецот Гор Нерсисјан кој се закити со златото поради тоа што прв освои поен во натпреварот.

Трајковски беше единствениот член на македонската репрезентација што се закити со медал на ЕП на кое настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.

Тој претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството, против Давиде Лучијани од Италија, 3:2, Мелос Гаши од Албанија, 1:0, Никита Сахвон (неутрален), 6:1 и во полуфиналето против Салих Халиловиќ од БиХ со 2:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО