Карагер очекува Халанд и Мбапе да се борат за „Златната топка“

Легендарниот, Џејми Карагер, вели дека Ерлинг Халанд треба да ги подобри перформансите и амбициите ако сака да се натпреварува со Килијан Мбапе за „Златната топка“. Според него, Норвежанецот и брзоногиот Французин, треба да ја продолжат трката како што тоа го правеа Лео Меси и Кристијано Роналдо. „ Халанд ако единствениот интерес му е уривањето на голгетерски рекорди, тогаш ништо не треба да се менува. Доколку има сериозни амбиции да ја освои Златната топка и да игра за Реал, тогаш може да настанат проблеми.Халанд мора да се подобри за да направи пробив и сериозно да се натпреварува со својот конкурент за титулата најдобар играч на генерацијата- Килијан Мбапе , напиша поранешниот играч на Ливерпул во колумна за „The Telegraph“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО