Капитенот на Македонија, Никола Јаничиќ е МВП на првенството

Никола Јаничиќ, капитенот на македонската репрезентација, прогласен е за најдобар кошаркар (МВП) на Европското првенство (ЕП), дивизија „Б“ (до 18 години) кое се одржа во Скопје. Тоа го одлучија селекторите, а ги имаше 22 на собирот.

Апсолутно заслужено, ако се има предвид дека капитенот го предводеше тимот на Македонија до највисокото место на победничкиот пиедестал и со осум победи на осум меча.

Јаничиќ беше одличен и во финалниот натпревар во кој Македонија беше подобра од Австрија (98:88). Постигна 30 поени, од кои 21 за неполни 13 минути на почетокот од натпреварот. За 30-те минути во игра, тој додаде и пет скока, четири асистенции, исто толку освоени и три загубени топки, сето тоа за индекс 31!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО