Њукасл доби лоши вести откако стана јасно дека Калум Вилсон ќе оди на операција и ќе паузира подолго време. Напаѓачот ќе мора да го оперира оштетениот пекторален мускул и ќе биде надвор од терените околу три месеци.
Тој се повреди на натпреварот против Нотингем форест минатата сабота и првично се мислеше дека не е ништо сериозно, но подоцна се покажа дека повредата ќе мора хируршки да се третира.
Вилсон ќе го пропушти поголемиот дел од остатокот од сезоната, па дури и да се опорави на последните натпревари, не е јасно во каква форма ќе биде. Тоа значително ги намалува неговите шанси да биде дел од тимот на Англија за претстојното Европско првенство (ЕП) во Германија.