„Скај спорт“ тврди дека челниците на Арсенал ќе ги продолжат преговорите со Болоња околу трансферот на Рикардо Калафјори.
Иако имаше информации дека играчот ги договорил личните услови со „топчиите“ и оти ќе потпише договор до 2029 година, сега ситуацијата малку се изкомпликува.
Англискиот клуб понудил 40 милиони евра за трансферот на Калафјори, без бонуси, но Италијанците не сакаат да го пуштат фудбалерот за помалку од 50 милиони.
Доколку нешто не се промени наредните денови, Калафјори ќе остане во Италија и таму ќе ги почне подготовките за новата сезона.