Центарот на Партизан, Бруно Кабокло, грубо ги прекршил правилата и клупската дисциплина и самоволно го напуштил тимот пред финалето на Суперлигата.
Ова секако е голем удар за Партизан, кој попладнево излезе со соопштение од кое навивачите се шокирани од однесувањето на нивниот кошаркар.
– Центаротна Партизан, Бруно Кабокло, грубо ја прекрши клупската дисциплина и само иницијативно го напушти тимот пред финалето од Суперлигата на Србија. Играчот без дозвола на кјлубот и без било какво известување, отпатувал за Орландо, наводно поради обврски во националниот тим на Бразил.
– КК Партизан во својата историја нема се соочено со ваков потез на играч и ќе ги преземеме сите правни чекори за на најдобар начин да ги заштити своите интересни. Бруно со напуштањето на тимот направи преседан и на тој начин ги остави соиграчите без помош во финалето. Против играчот е веднаш започната дисциплинска постапка, порачаа од Партизан.