Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново се пофали со ново засилување пред стартот на сезоната во Втората македонска лига – Запад.
Клубот го претстави 21-годишниот Албан Шабани, офанзивно крило кое доаѓа од редовите на Арсими. Тој настапува на десната страна од нападот и од него се очекува значителен придонес во офанзивата на тимот.
„Среќен сум што станав дел од Шкендија Арачиново. Ова претставува важен чекор во мојата кариера и ветувам дека ќе го дадам максимумот во црвено-белиот дрес“, изјави Шабани по промоцијата.
Во својата кариера, покрај Арсими, тој има настапувано и за Работнички и хрватска Горица како младинец, додека сениорски фудбал играше за Воска Спорт. Како дете, поминал низ повеќе фудбалски школи, меѓу кои и оние на Манчестер Сити, Арсенал и Севиља.