Јувентус е во преговори со крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Според него, „црвените ѓаволи“ бараат 50 милиони евра за 22-годишниот фудбалер, но клубот од Торино е подготвен да понуди 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Исто така, се наведува дека опкружувањето на Гринвуд е позитивно расположено за преселбата во Торино, но тоа ќе се случи само доколку Федерико Киеза или Матијас Зиле, кои се интересни за Рома, го напуштат клубот.
Гринвуд минатата сезона ја мина на позајмица во Хетафе каде што одигра 36 натпревари, постигна 10 гола и имаше шест асистенции.
Гринвуд е дете на Јунајтед и напредуваше од академијата до првиот тим. Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб е до летото 2025 година. Неговата пазарна вредност е 25 милиони евра.