Јувентус подготвува кражба на годината !?

Во претходната деценија, Јувентус често земаше играчи во Италија за „мали пари“ или целосно бесплатно, а тој тренд можеше да продолжи.

За волја на вистината, поранешниот спортски директор Бепа Марота, кој сега е на функцијата во лутиот ривал Интер, беше одговорен за најголемиот број „кражби“ (Андреа Пирло, Карлос Тевез и многу други).

Сепак, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е блиску до завршување на уште една таква работа, откако на пик го стави Фелипе Андерсон.

Фудбалерот на Лацио влезе во последните шест месеци од договорот и нема индиции дека ќе го продолжи.

Односно Лацио му нуди годишна плата од 3.000.000 евра, додека Андерсон бара милион повеќе.

Толку е спремен да му платат од Јувентус, па Италија „зборува“ за неговиот речиси сигурен трансфер во „градот на фиатите“.

Андерсон порасна во Сантос, од каде дојде во Лацио во 2013 година. Потоа играше за Вест Хем и Порто, а повторно се врати во Рим во летото 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО