Финансиска криза го тресе Тетекс: Упатија јавна молба за помош

Веќе неколку години наназад еден од најстарите фудбалски клубови кај нас Тетекс преживува некако во Втора лига.

Овојпат од таборот на „штофарите“ упатија јавна молба за помош во кој се вели:

-Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово во последните години ги доживува најтешките моменти од своето постоење во поглед на финансиите. Затоа потребна му е нашата поддршка, поддршката од сите симпатизери, сите тетовчани, сите Војводи, сите Македонци и сите љубители на фудбалот и спортот.

Сите сега сме му потребни на Тетекс, од оние кои живеат во Тетово и насекаде низ Македонија, па се до оние кои живеат на другиот крај од светот. Тетекс, Тетово, Војводи и Македонија ќе ви бидат благодарни за секое одвоено финансиско средство со цел помош на ФК Тетекс Тетово, се вели во објавата на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО