Јувентус има намера да се жали на априлската судска одлука според која клубот од Торино е обврзан на својот поранешен напаѓач, Кристијано Роналдо да му исплати 9,8 милиони евра, кои тој не ги добил поради пандемијата на коронавирус, објави „Тутомеркато“.
Се нагласува дека Јувентус не се согласува со ваквата судска одлука, но во моментов не се знае точниот тајминг кога има намера да поднесе жалба.
„Старата дама“ има долг кон Роналдо, бидејќи за време на пандемијата на ковид-19 во 2020 година склучи договор со него и уште неколку играчи дека подоцна ќе им исплати дел од парите. Португалскиот фудбалер играше за Јувентус од 2018 до 2021 година.