Јувентус и Манчестер Јунајтед се борат за потписот на Турам

Манчестер Јунајтед и Јувентус покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.

22-годишниот играч за врска игра фантастично, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ова лето сака да направи чекор напред во кариерата.

Манчестер Јунајтед сака да го засили средниот ред и најголема желба е токму Турам. Јувентус исто така е силно заинтересиран бидејќи во него гледа идеална замена за Погба.

Турам влезе во последната година од договорот, па Ница е спремна да го продаде за 20-25 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО