Јувентус го отпушти Игор Тудор по серија без победа

Фудбалскиот гигант од Торино, Јувентус, објави дека го разрешува а Игор Тудор од функцијата главен тренер на првиот тим, заедно со неговиот стручниот штаб.

Причината за оваа одлука е серијата од осум натпревари без победа во сите натпреварувања, по која тимот се наоѓа на осмото место во Серија А и е далеку од амбициите за титула.

За привремено решение, Јувентус назначи Масимо Брамбиле, тренер на резервниот тим, како привремен прв човек на клупата.

Игор Тудор го пое клубот во март 2025 година, со надеж да ја врати „Старата Госпожа“ на победничкиот пат, но не успеа да ја задржи формата и резултатите кои се очекуваа.

Следниот чекор за Јувентус ќе биде пронаоѓање на нов тренер кој ќе може да ја стабилизира ситуацијата и да ги исполнува високите очекувања – враќање во борбата за титула, но и враќање на клубот во рангот на доминантните.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО