Јуве сака да го продолжи договорот со Шчесни, но за помала плата

Италијанскиот фудбалски гигант, Јувентус подготвен е да го продолжи договорот со голманот, Војчех Шчесни (33), но за пониска плата! Тој сега заработува 6,5 милиони евра по сезона, а договорот му е до јуни 2025 година.

Полјакот сака да остане во Торино, но останува да се види дали двете страни ќе постигнат договор околу евентуално намалување на платата, пренесува инсајдерот Николо Шира. Шчесни е на голот на Јувентус од 2017 година и оттогаш па досега, има одиграно 192 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО