Чави ќе остане во Барселона, на друга позиција!

Тренерот на Барселона, Чави, можеби ќе остане во клубот, но на друга позиција, пишува „Марка“. Претходно Чави се изјасни дека на крајот од сезоната ќе ја напушти тренерската функција во Барса, наведувајќи го фактот дека на клубот му е потребна нова насока за развој.

Во истовреме, претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, изрази надеж дека тренерот ќе ја промени одлуката.

Чави ги води Каталонците од ноември 2021 година. Во минатиот период, Чави освои два трофеја, првенството на Шпанија и шпанскиот Суперкуп во сезоната 2022/23.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО