Јунајтед продава двајца стопери за да донесе еден

Манчестер јунајтед, на чело со новиот шеф на спортскиот сектор, Џим Ретклиф, сериозно се подготвува за летниот преоден рок. Предвидувањата се дека голем број од фудбалерите кои сега се во тимот, ќе си заминат од „Олд Трафорд“.

Еден од приритетите на клубот е да ја засили одбраната. Прва цел е младиот стопер на Евертон, Џеред Брантвејт, за чии услуги се заинтересирани уште неколку други клубови, меѓу кои и е Реал Мадрид.

Новиот косопственик на Јунајтед, Џим Ретклиф, во своето прво обраќање до јавноста по стапувањето на функцијата изјави дека еден од приоритетите ќе биде доведување млади и талентирани играчи од Велика Британија.

Брантвејт апсолутно се вклопува во таа приказна, а познато е дека Јунајтед го следи веќе подолго време.

Евертон го цени на 75 милиони фунти, иако сигурно е дека на Олд Трафорд се надеваат дека ќе успеат да ја намалтат сумата.

Сепак, пред евентуалната реализиција на трансферот, клубот ќе мора да продадат двајца стопери, Хари Мегваер и Рафаел Варан за да соберат дел од парите за финансирање на овој трансфер.

Брантвејт е под договор со „Карамелите“ до јуни 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО