Oчигледно Манчестер Јунајтед ќе се ослободи од Скот Мектомини деновиве.
Имено, тој е пред договор со Наполи за трансфер во Серија А, според информациите од Италија, за трансферот на Мектомини, Јунајтед ќе добие 31 милион евра, па се очекува тоа и официјално да се потврди.
Наполи со недели се обидувале да го ангажираат овој фудбалер. Јунајтед инсистирал на нешто повисока откупна цифра, но на крајот попуштиле кога виделе дека и Наполи е сериозен во обидот да го ангажира Шкотото.
Но штом Мектомини тргне кон Наполи, во Манчестер Јунајтед ќе се случи конечна реализација на трансферот кој го најавуваат со денови, ќе дојде Угарте од ПСЖ.
Со уругвајскиот играч Јунајтед има долг период контакт, но сега веројатно тоа и ќе се обзнани наскоро. Францускиот клуб пред една година за овој играч плати 60 милиони евра, па веројатно тоа ќе биде цената за која Јунајтед ќе сака да го откупи играчот.
Малкумина веруваа пред неколку дена дека Јунајтед ќе се согласи на трансферот на Мектомини, но ете, некогаш работите се случуваат брзо и неочекувано.