Меч во чест на Дражен Петровиќ: Обрадовиќ ќе биде предводник на „тимот на странците“

Во Загреб ќе биде оддржана свеченост која ќе привлече многу големи ѕвезди, локални и од светската кошарка, а се во чест на Дражен Петровиќ.

Порталот Jurohups тврди дека форматот на дуелот ќе биде Хрватска против „Тимот на странците“, а во домашната екипа ќе настапуваат бројни сегашни и екс НБА играчи.

Во прашање се Богдан Богдановиќ, Ивица Зубац, Дарио Шариќ, Дамјан Рудеш и Гордан Гиричек, а се очекуваат уште многу познати имиња.

Како што тврди Александар Петровиќ, родениот брат на Дражен Петровиќ, предводник на „Тимот на странци“ треба да биде Жељко Обрадовиќ.

Петровиќ кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија далечната 1993 година, уште привлекува внимание во светот на кошарката и овој натпревар ќе биде со посебен сјај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО