Шкендија победи во Струмица кај Брера за лидерска позиција во ПМФЛ

Шкендија Тетово успеа да победи на гостински терен кај Брера во Струмица со 2:0 и да се искачи на лидерската позиција во ПМФЛ.

Ова беше еден од најинтересните натпревари ова 3. коло во ПМФЛ, па откако во првите 45 минути, актерите на терен не беа заинтересирани за гол, головите дојдоа во вториот дел.

Прво Шкендија поведе преку Фитон Адеми, а неколку минути подоцна победата на гостите ја потврди истиот играч, за сигурна победа и бодови кои ги носат на лидерската позиција.

По три кола во ПМФЛ, Шкендија има скор од 7 бодови и со најдобра гол разлика пред конкуренцијата и најавува дека ќе биде доста интересна и непредвидлива сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО