Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк, верува дека тимот од „театарот на соништата“ треба да го врати Ромелу Лукаку.
– Тој дефинитивно е доволно добар за да игра за клуб од големата шесторка. Мислам дека Јунајтед или да го земе на позајмица и да се согласи да плати одреден дел од неговата плата“ вели Јорк. Белгискиот напаѓач играше за Јунајтед од 2017 до 2019 година. Тој е сега на позајмица во Рома а неговите права му припаѓаат на Челзи.