Јокиќ го надмина Леброн и стана најмладиот во НБА што постигнал над 13.000 кошеви

Никола Јокиќ на мечот Денвер нагетс – Јута џез (111:124) постигна  27 поени (8/9 од поле, 10/12 слободни фрлања), 11 скока и 6 асистенции за 30 минути минати на паркетот.

Toj стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал над 13.000 поени, забележал над 6.000 скокови и над 4.000 асистенции. Пред него Леброн Џејмс беше најмлад во оваа категорија.

Јокиќ е 222-от НБА кошаркар со постигнати над 13.000 поени. Тој има уште една успешна сезона со просек од 25,5 поени, 11,8 скока, 9,2 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар, шут од поле 56 отсто, 34,2 отсто за три поени, на 37 натпревари.

Јокиќ ја игра деветтата сезона во НБА лигата (сите со Денвер) и се наметна како еден од најдобрите центри на сите времиња. Тој е двократен МВП на регуларниот дел од сезоната и еднаш во плеј-офот.

Неговиот просек во кариерата е 20,5 поени, 10,6 скока, 6,8 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар. Шутот му е 55,4 отсто од поле, 34,8 отсто за три поени на 633 натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Тој има одиграно и 68 плеј-оф натпревари, а лани ги предводеше Нагетс до првата титула во клупската историја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО