Јаник Синер нема да игра на Игрите во Париз

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер потврди дека нема да настапи на Олимписките игри во Париз. Италијанецот се очекуваше уште денеска да биде во француската метропола, но во последен момент објави дека по совет на лекарите нема да оди на Олимпијадата.

На социјалните мрежи тој објасни дека не е во најдобра здравствена кондиција.

-Со големо жалење морам да ве информирам дека за жал нема да можам да се натпреварувам на Олимписките игри во Париз. По добра недела тренинзи почнав да се чувствувам лошо. Поминав неколку дена во одмор, но посетата на лекар откри дека имам хроничен тонзилитис и ме советуваа да не играм. Големо разочарување е што морам да ги пропуштам Игрите бидејќи тоа беше една од моите главни цели за оваа сезона. Среќно на сите италијански спортисти, напиша Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО