Ивановски на маратонот во Севилја ќе брка олимписка норма за Париз

Најдобриот македонски атлетичар и рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски доби елитен статус за настап на маратонот во Севилја, Шпанија, на 18 февруари.

Ивановски лани во декември на маратонот во Валенсија, забележа одличен резултат, во време на нов македонски рекорд, 2.11;51 часа со што го трасира патот за учество на најмоќните светски маратони.

Рекордот на маратонската патека во Севилја од 2022 година го држи Етиопјанецот Асрар Абдерехман со време од 2.04;43 часа.

Ивановски е кандидат за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 во маратон, и на трката во Севилја ќе се обиде да извади олимписка виза односно да ја истрча потребната норма од 2.08;10 часа.

Ивановски и неговиот тренер и менаџер Игор Јакимовски решија сезонава тој да не настапува во сала, туку само на отворено, во дисциплината маратон, заради потврда на пласманот на ЛОИ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО