Ивановски и Србљак на чекор од главната фаза на турнирите во Хрватска и Кипар

Македонските тенисери, Калин Ивановски и Горазд Србљак се на чекор од место во главната фаза на фјучерсите во Пореч и Аламинос.

Ивановски во второто квалификациско коло во Пореч беше подобар од Марко Николиќ од Србија со 2-1 во сетови со 4-6, 6-4 и 10-8. Последна пречка до пласманот во главната фаза на турнирот што се игра земјена подлога му е Италијанецот, Лука Плосниќ.

Кога е пак во прашање Србљак и неговиот настап во Кипар, тој беше подобар од Кристијан Дел со 2-0 во сетови со доминатна игра за 6-1 и 6-2.

Горазд како четврти носител за завршен ривал во квалификациите ќе го има Мануел Лазиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО