Фудбалерот на Тотенхем, Ив Бисума, станал жртва на голема финансиска измама, во која изгубил речиси еден милион евра. Според информациите од англиските медиуми, измамник успеал да префрли околу 950.000 евра од неговата банкарска сметка без негова согласност.
Полицијата веќе уапсила осомничен, 31-годишниот Морис Гомес, кој е обвинет за две кривични дела поврзани со лажно претставување и финансиска измама. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува долга затворска казна.
Инцидентот се случувал во периодот од септември 2022 до јуни 2024 година, а Бисума дополнително бил ограбен и во Кан, каде му бил украден часовник вреден 255.000 фунти.
Овој скандал доаѓа во тежок момент за малискиот репрезентативец, кој сезонава сè уште нема настапено за Тотенхем, иако неговиот договор со клубот важи до 2026 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: