Италијански новинар провоцира: Модриќ е готов, Серија А живее од спомени

Во интервју за италијанскиот подкаст „Centrocampo“, спортски аналитичарот Паоло Баргија не криеше разочарување, нарекувајќи ја Серија А „гробница на слонови“. Тој истакна дека присуството на многу ветерани кои се ближат кон крајот на кариерата е штетно за динамиката на лигата.

Според Баргија, имиња како Модриќ, Де Брујне и Џеко не се веќе во својата најдобра форма, а клубовите премногу често се насочуваат кон експертиза од минатото наместо да инвестираат во млади таленти. Тој тврди дека фокусот се повеќе се става на имиња што „продаваат“, отколку на имиња кои можат да донесат долгорочен напредок.

Баргија го критикуваше и трансферниот пристап на клубовите, велејќи дека тие често купуваат „грандиозни имиња“ како симболи, без доволно да се земе предвид колку тие ќе придонесат на теренот.

Од друга страна, податоците на теренот укажуваат дека Модриќ сепак задржува значајна улога во тимот на Милан — со клучни додавања, посед и креативност во средниот ред. Сепак, ако трендот на доминација на стариот гард продолжи, Серија А ризикува да се претвори во лига која живее од сјајот на минатото, наместо да градат иднина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО