Историски ден на Тур де Франс: Кавендиш го надмина Меркс! Тој е „жолтата маичка“ меѓу спринтерите

Британскиот велосипедист, 39-годишниот Марк Кавендиш, победи во петтата етапа на 111. Тур де Франс долга 177,4 километри. Со 35-от триумф на Тур, Кавендиш стана рекордер според етапните победи на најголемата велосипедска трка во светот.

Кавендиш го одложи пензионирањето на крајот од минатата сезона само за да има уште една шанса да го мине можеби најголемиот велосипедист на сите времиња, Белгиецот Еди Меркс, кој има 34 етапни победи на Тур де Франс.

Британецот во идеален момент го почна спринтот и во последните метри успеа да го одбие нападот на Белгиецот Јаспер Филипсен  и да си обезбеди место во историјата на велосипедизмот.

– Спринтираш, одиш колку што можеш посилно додека не стигнеш до целта. Можеби животот ќе ти се смени ако прв ја минеш целната линија, а можеби и не ако не ја минеш. Тоа е природата на оваа трка и она што ја прави толку убава, коментираше емотивниот Кавендиш.

Тимот на Астана ризикуваше годинава си него, но сепак реши да му даде шанса да се обидам да победи барем на една етапа

– Шефот на тимот, Александар Винокуров се согласи на тоа. Го направивме токму она што го сакавме, го изградивме тимот, го изградивме секој детал за ова денеска. Ова достигнување им покажува на следните генерации велосипедисти што е Тур де Франс и дека треба да се оди на се’ или ништо, додаде Кевендиш кој во спринтот забележа брзина од 69,4 км/час!

Дури и директорот на Тур, Кристијан Прудом, не ја криеше својата возбуда заради неговиот потфат.

– Сите имаат насмевка на лицето, па дури и Еди Меркс. Сите мислеа дека е предоцна освен Марк, и тоа е прекрасна приказна. Тој е „жолтата маичка“ меѓу спринтерите, истакна Прудом.

На Кевендиш, кој има 165 победи во кариерата, му се честиташе и неговиот голем пријател и поранешен победник на Тур де Франс, Герент Томас.

– Ова е неверојатно, пресреќен сум поради него. Одлично е што има свој рекорд и не го споделува со никого. Му реков „пријателе, ако победиш во оваа фаза, остави го велосипедот и оди си дома“. Но, тој ми одговори „ако победам сега, ќе сакам уште“. Значи тој дефинитивно останува тука, со насмевка раскажа Томас.

Словенецот, Тадеј Погачар го задржа водството во вкупниот поредок, со 45 секунди предност пред второпласирајјиоот, Белгиец Ремко Евенепоел, односно 50 секунди пред третиот, Данецот, Јонас Вингегард.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО