ИСТОРИЈА: Постигнат е најбрзиот гол на репрезентативните мечеви – гол во шестата секунда

Фудбалерите на Австрија во пријателска средба во Братислава, го совладаа домаќинот Словачка со 2:0, a од оваа средба ни доаѓа еден интересен момент.

Имено, на оваа средба се случи најбрзиот гол во историјата на репрезентативните натпревари, а „виновник“ за тоа е Кристоф Баумгартнер.

Тоа беше шок за домаќините, кои беа тотално изненадени од потегот на гостите, кои веднаш по тргнувањето од центарот, шутнаа и ги матираа домаќините.

Досега рекордот го држеше Лукас Подолски, кој во дресот на Германија во 2013 година, стрелаше во седмата секунда против Еквадор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО