Инзаги ќе потпише нов договор со Интер по завршувањето на сезоната

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги (47) по завршувањето на сезоната ќе потпише нов договор со клубот, пишува „Газета дело Спорт“.

Актуелниот договор на Инзаги е до летото 2025 година, а продолжувањето ќе биде за уште една година, плус опција за ново продолжување на уште 12 месеци, до крајот на сезоната 2026/27.

Симоне Инзаги е на клупата на Интер од јуни 2021 година. Во тој период тпј го освои секој можен трофеј во Италија, а минатата сезона го одведе тимот до финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), во кое загуби од Манчестер сити (0:1).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО