Во дербито на 9. коло во Серија А, Интер славеше со 1–0 на гостување кај Рома. Единствениот погодок го постигна Федерико Димарко уште во 6. минута по асистенција на Николо Барела.
Рома имаше неколку одлични шанси за израмнување, но Јан Зомер со серија одбрани го сочува голот на Интер.
Со оваа победа, Интер се искачи на врвот на табелата со 22 бода, додека Рома останува во средината со 13.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: