Интер ќе прави „проветрување“ во своите редови

Челниците на фудбалскиот клуб Интер одлучија да ја прекинат соработката со тројца ветерани. Актуелниот шампион на Серија А се разделува со Алексис Санчез, Хуан Квадрадо и со Дејви Класен на кои им истекоа договорите.

Чилеански интернационалец, 35- годишниот Санчез, одигра 142 натпревари и освои повеќе трофеи. Квадрадо (36) дојде како слободен играч од Јувентус пред почетокот на ланската сезона и забележа само 12 настапи. Холанѓанецот, Класен (31) кој дојде од Ајакс имаше договор за само една сезона.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО