Интер и Тареми се договориле, следува потпис на договорот

Наскоро се очекува официјалната потврда дека Мехди Тареми ќе биде нов играч на Интер, односно второто засилување во текот на летото, по Пјотр Зјелински.

Иранскиот напаѓач (32), кој е слободен играч по истекот на договорот со Порто, пристигнува во Милано за да стави потпис на договорот со „нероазурите“.

Во текот на денов Тареми треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише двегодишен договор со Интер, до 30 јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона. Неговата годишна плата ќе биде околу три милиони евра нето, плус бонуси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО