(ВИДЕО) Мекинро жестоко го брани Ѓоковиќ: Тој е Дарт Ведер. Дали е проблемот од каде е?

Новак Ѓоковиќ можеби е најголемиот, но дефинитивно е еден од најомразените врвни тенисери на сите времиња. Тоа се гледа и на актуелниот Вимблдон, каде што седумкратниот победник е во војна со публиката.

Во негова одбрана се стави Американецот, Џон Мекинро, уште еден тениски великан познат по своето контроверзно однесување и однос со јавноста.

Тој влезе во полемика со Клер Болдинг на официјалниот канал на Вимблдон. Коментаторката на „Би-би-си“ беше на страната на публиката, додека Мекинро жестоко застана во одбрана на Ѓоковиќ.

– Секоја чест. Така би му рекол на Ѓоковиќ за тоа како реагираше на непочитувањето на публиката на Вимблдон. Тој се бори против однесувањето на навивачите во текот на целата кариера. Да, тој се храни со негативна енергија. Сакаш ли луѓето да навиваат против тебе, да се надеваат дека ќе изгубиш, само затоа што ти си толку добар? Предобар”?

Мекинро потоа во приказната ги воведе Роџер Федерер и Рафаел Надал, чии планови ги уништи Ѓоковиќ.

– Новак е како Дарт Ведер. Има двајца играчи во кои сме ја виделе најголемата класа во тенисот досега, тоа се Рафаел Надал и Роџер Федерер. Кој може да се спореди со нив во однос на нивниот придонес во тенисот и начинот на кој луѓето ги сакаат? Никој не може да го направи тоа!

Но, тогаш овој човек, Ѓоковиќ, доаѓа и има нерви да ја растури забавата. Сега како да си го поставува прашањето: „А, да ме почитувате малку и мене“.

Американецот додаде дека Србинот заслужува почит бидејќи игра на Вимблдон и покрај неодамнешната тешка повреда на колетото и операцијата.

– Пред нас имаме момче кое беше оперирано пред еден месец, шансите да заигра на Вимблдон беа 10 проценти. Веројанто си помислува: „Еј, па јас му помагам на турнирот, зошто да не добијам малку љубов кога играм против момче кое е 15-ти во светот и не направи буквално ништо во споредба со мене?

Разбирам дека луѓето сакаат да видат добар натпревар, но треба да ја почитувате големината што ја гледате пред себе. Новак се соочува со ова веќе 10, 15, 20 години.

Се восхитувам на неговата храброст да го каже тоа токму таму, бидејќи тоа ќе сврти уште повеќе луѓе против него. Не го заслужува тоа на ова ниво, ни треба и беше премногу важен за нашиот спорт.

Зошто се случува ова? Што направи толку лошо? Кажи било што. Што е проблемот, што толку многу сака да победи? Не ми е јасно зошто. Дали е тоа поради неговиот изглед или од каде доаѓа”?


Балдинг му возврати на Мекинро: „Мислам дека не е ништо од тоа. Работата е во тоа што луѓето навиваат за аутсајдерот и секогаш го прават. Тие сакаат тип кој на хартија нема шанси да игра добро. Искрено Џон, јас би била изненадена доколку публиката на централниот терен намерко покажа непочитување“.

Мекинро не попушти: „Дали Федерер некогаш бил исвиркан така од публиката? Не! Надал? Не! Алкараз? Синер? Можете да ги наведете сите. Тој страдал повеќе од било кој. Многу повеќе од кога и да е, и затоа би рекол дека е најдобриот на сите времиња, има поставено толку многу рекорди, тоа е неверојатно“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО