Интер го обезбеди првото зимско засилување

Фудбалскиот клуб Интер го заврши своето прво зимско засилување и сите се среќни со ова во клубот.

Станува збор за доаѓање на фудбалерот Тајон Буканан, кој наскоро ќе биде и официјално промовиран во Милано како ново засилување. Трансферот е потврден, но останува уште Интер официјално да му додели бројче и да го претстави во боите наклубот.

Долго го „ловеа“ овој трансфер во Интер, а сега конечно го остварија. Буканан доаѓа од тимот на Клуб Бриж, а сега е конечно се решено.

Белгискиот клуб ќе заработи седум милиони евра на овој трансфер, а постои одредена сума која може дополнително да им дојде низ разни бонуси.

Буканан игра на крилна позиција, но проблем му е да игра и на позицијата бек, а тоа може да му направи одреден проблем на фудбалерот во новата средина.

Овој фудбалер во Милано доаѓа како замена за  Хуан Квадрадо кој го напушта Интер, а од него „нераѕурите“ очекуваат многу.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО