Иновативната атлетска патека во Париз може да биде клучна за соборување нови светски рекорди

Гледачите кои ќе ги следат Олимписките игри (ОИ) во Париз ќе ја забележат необичната виолетова патека на „Стад де Франс““. Патеката, која ќе биде во употреба од 26 јули до 11 август, ја изработи италијанската компанија Мондо со користење иновативни материјали за подобрување на перформансите на тркачите.

Патеката е единствена не само по бојата, туку и по материјалот од кој е направена. Користен е прашок од мелени школки и слични состојки кои се богати со калциум карбонат.

Овој материјал е познат по издржливоста и отпорноста, а неговата употреба ја намалува количината на отпад и емисиите на CO2, и со тоа придонесува за зачувување на животната средина.

Покрај еколошките придобивки, патеката е дизајнирана да ги подобри перформансите на тркачите. Истражувањата покажаа дека патеката има одличен контакт со чевлите, што придонесува за помала загуба на енергија и за подобра брзина.

Овој тип на подлога за прв пат беше користен на Светското првенство (СП) во атлетика в2023 година во Будимпешта, за која тркачите тогаш имаа позитивни искуства.

Многу рекорди беа урнати во Токио 2021 година благодарение на напредокот во обувките и на патеките. Виолетовата патека во Париз се очекува да придонесе за уште подобро резултати. Со модерните материјали и дизајн, патека би можела да биде клучот за соборување на нови светски рекорди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО