Ограбена фудбалската легенда во Париз: Дошол на ОИ, па му украле 500.000 евра!

Легендарниот бразилски фудбалер, Зико ограбен е синоќа во Париз, каде што престојува како член на делегацијата на својата земја на Олимписките игри (ОИ)!

Зико излегол од хотелот со такси носејќи часовник Ролекс, дијамантско ланче и сметки во актовката, кога разбојниците го надмудриле и него и таксистот.

Додека едно лице му го одвлекувало вниманието на таксистот, друго ја украло актовката од задниот дел на возилото. Се проценува дека куферот, односно работите во него, вредат околу 500.000 евра.

Француските власти веднаш почнаа истрага за лоцирање на сторителите. Истрагата ја води Француската бригада за сузбивање на грабежот, пренесува Ле Паризиен (Le Parisien).

Зико важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Неговата кариера траеше од почетокот на 1970-те па до почетокот од 1990-те години, а клубот во кој се прослави беше Фламенго.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО