Хуан Карло Наваро бил еден од идолите на Стеф Кари

Неколку пати во минатото, легендарниот Стеф Кари ги пофали спортистите надвор од САД дека го инспирирале во неговата кариера, вклучувајќи го и познатиот бек на Барселона, Хуан Карлос Наваро.

На прашањето на новинарот на „Мундо Депортиво“ за влијанието на Наваро врз Кари, легендата на Вориорс одговори:

-Секој играч кој беше врвен шутер имаше влијание, а Хуан Карлос е единствен. Денеска погодив тројка од едната нога, што тој често го правеше, како еден вид почит. Го сретнав еднаш, но гледав многу негови видеа, рече Кари и додаде:

-Има многу шутери кои ме инспирира и влијаеја на мојата игра, од Реџи Милер до Стив Неш. Хуан Карлос е на таа листа.

Наваро моментално е генерален директор на Барселона, каде ја помина целата своја кариера, со исклучок на една сезона во НБА, а се пензионираше во 2018 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО