Хрватскиот тинејџер Прижмиќ прв противник на својот идол Ѓоковиќ во Мелбурн

Младиот 18- годишен Хрват, Дино Прижмиќ кој успешно ги мина квалификациите за првиот годинашен грен-слем турнир Австралија опен, во првото коло на главниот дел од турнирот, ќе игра против првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Прижмиќ моментално е на 178-та позиција на АТП ранг листата и настапот во Мелбурн  ќе му биде прв на еден грен-слем турнир.

Тој не можеше да добие потежок противник од најдобриот на светот, рекордерот според освоени грен-слем титули (24) и тенисерот кој дури 10 пати триумфирал на Австралија опен.

– Мој тениски модел засекогаш e Новак Ѓоковиќ. Секако, има и многу наши (хрватски) играчи како Горан Иванишевиќ, Марин Чилиќ и Борна Чориќ кои многу ги почитувам, изјави неодамна во едно интервју младиот Дино.

Средбата Прижмиќ – Ѓоковиќ е закажана за в недела во 9 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО