Хосни се враќа во шампионот, Еурофарм Пелистер

Усама Хосни по една година се враќа во Битола, потврди македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер. Одличниот десен бек од Тунис, по една сезона мината во Кувајт, повторно ќе го носи дресот на шампионот.

– Ни претставува задоволство да најавиме едно големо враќање. По пауза од една сезона, тунискиот репрезентативец, десниот бек Хосни (31) повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој потпиша договор на една сезона и наскоро го очекуваме во Битола.

Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со нашиот клуб ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и во Кувајт, Хосни има настапувано во својата земја, во Франција и во Катар, велат од од Еурофарм Пелистер.

Претставувањето на Хосни во Битола предвидено е на стартот од подготовките, на крајот од јули. Искусниот бек е четвртото засилување на пелистерци, откако во Битола се врати Никола Митревски, а нови имиња ќе бидат голманот Филип Илиќ и кружниот напаѓач Кајо Цикетиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО