Младиот дански тениски ас Холгер Руне, кој неодамна претрпе целосно руптурирање на Ахилова тетива, веднаш по успешната операција започна со модифицирани тренинзи за рехабилитација.
Повредата се случи за време на полуфиналето на турнирот во Стокхолм, кога Руне почувствува силна болка и мораше да го напушти теренот. Дијагнозата ја потврди потребата за хируршки зафат, кој помина успешно, но кој ќе го одвои од натпреварите во наредните месеци.
Сепак, само неколку дена по операцијата,Руне веќе се појави на теренот — седи на столица, ја подига оперираната нога на специјална решетка и враќа топки од другата страна од мрежата. Овој тип на тренирање ја одржува неговата ментална и физичка форма и ја забрзува рехабилитацијата.
На својот Инстаграм профил, Руне напиша: „Операцијата помина добро… сега сакам да се вратам посилен“, што покажува неговата решеност да се врати на врвот на тениската сцена.
За светот на тенисот ова е сигнал дека и покрај сериозната повреда, Холгер Руне е решен да продолжи со работа на својата форма и да се врати посилен од кога било.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: