Хезоња ќе биде „предавник“ во Мадрид: Се договорил со Барселона?

Сагата околу иднината на Марио Хезоња е скоро па завршена. Иако се навестуваше дека тој ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Партизан, од тоа нема ништо.

Последните информации од Шпанија зборуваат за тоа дека Хезоња има богат договор од Барселона на маса и дека е на работ да го прифати, односно дека веќе се договориле.

Шпанска Марка, кој е очигледен заштитник на Реал Мадрид во сите спортови, известува дека Хезоња во Барселона ќе потпише четири годишен договор и ќе заработува по три милиони евра по сезона. Тоа е далеку повеќе од она што го заработуваше во Мадрид.

Хрватот имал наводно шест понуди ова лето од европски екипи, но понудата на Барселона била еден милион подобра од втората најдобра понуда, па решил да се пресели во Каталонија.

Реал се уште може да го задржи Марио Хезоња, со оглед на клаузулата во договорот, која им дава за право да го задржат ако ја изедначат понудата на Барселона од 3 милиони евра.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО