Херојот на Аталанта најавува големи работи: Ова е само почеток!

Адемола Лукман е јунакот на Аталанта, момчето кое вчера во финалето против Баер Леверкузен, постигна хет-трик и се запиша себеси во историјата на ова натпреварување.

Фудбалерот кој е со потекло од Нигерија, а роден во Лондон, смета дека ова е само почеток на нивниот подем, мислејки на успесите кои за Аталанта треба да дојдат.

– Последните две години имав можност да ја усовршам играта и да ја однесам на едно високо ниво, што и го направив бидејки отсекогаш имав самодоверба во себе. Можеби ова можеше да дојде и порано, но сепак, ова е само почеток, се надевам на уште вакви ноќи во иднина, порача Адемола Лукман.

Аталанта по долги години и децениии, дојде до една голема титула во своето постење, а триумфот им е уште посладок бидејки ги совладаа во финалето „непобедливите“ од Леверкузен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО